Прва лигаФудбал

Јусуфи: Фокусирани и мотивирани за следната победа пред нашите навивачи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фатјон Јусуфи изрази големо задоволство по минималната победа на Арсими во Скопје против Македонија Ѓорче Петров, каде што беше и стрелец на единствениот гол на натпреварот, но потенцираше дека фокусот на екипата сега целосно е насочен кон новиот предизвик за гостиварци, а тоа е денешниот дуел со Пелистер.

“Победата во Скопје беше многу важна за нас, и поради освоените бодови, и поради самодовербата што ни ја дава како тим. Среќен сум што помогнав со гол, но пред се сакам да го истакнам ангажманот и дисциплината на целата екипа”, изјави Јусуфи.

Говорејќи за денешниот натпревар против Пелистер, играчот од средниот ред нагласи дека Арсими влегува максимално мотивиран да ја продолжи позитивната серија.

“Не очекува тежок натпревар, но играме на домашен терен и пред нашите навивачи. Тоа е дополнителен мотив да го дадеме максимумот. Во текот на неделата добро се подготвувавме и атмосферата во тимот е многу позитивна”, додаде тој.

Според Јусуфи, клучот за успехот ќе биде концентрацијата и колективната игра.

“Мораме да бидеме внимателни од првата до последната минута, да играме како тим и да ја искористиме поддршката од публиката. Нашата цел е јасна, да забележиме позитивен резултат и да го продолжиме нашиот пат со смиреност и самодоверба”, заклучи Јусуфи.

Натпреварот од 27. коло меѓу Арсими и Пелистер ќе се одигра денес во 13 часот на градскиот стадион во Гостивар.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!