Останато

Јошко Миленкоски ја собира репрезентацијата порано – старт на подготовките на 6 мај во Крушево

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од првично планираното. Селекторот Јошко Миленкоски побара промена во распоредот, која беше одобрена од страна на Одбојкарска федерација на Македонија.

Првиот собир на репрезентативците е закажан за 6 мај во Крушево, каде ќе се реализира почетниот дел од подготовките.

Ова натпреварување има двојно значење за македонската селекција – како почеток на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2028, но и како важен сегмент од подготовките за настапот на Европско првенство во одбојка 2026, кое ќе се одржи во септември во Софија.

По подготовките во Крушево, од 13 мај репрезентацијата се сели во Скопје, каде во СЦ „Борис Трајковски“ ќе тренира во наредните две недели.

Финалната проверка на формата ќе следува со пријателски натпревари против Црна Гора, во периодот од 27 до 29 мај во Подгорица.

Македонија ќе го отвори настапот во Европската лига на домашен терен, во салата „Парк“ во Струмица. Првиот натпревар е закажан за 5 јуни против Холандија, додека на 7 јуни следува дуел со Луксембург.

Вториот турнир ќе се одигра во Атина, каде Македонија на 13 јуни ќе се соочи со Исланд, а ден подоцна ќе игра против домаќинот Грција.

Третиот турнир е закажан во Гњилане, каде на 19 јуни македонските одбојкари ќе се сретнат со Косово, а на 20 јуни ќе одиграат натпревар против Израел.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!