Младински фудбалФудбал

AC Milan Junior Camp пристигнува во Скопје: Шанса за младите таленти да тренираат по врвна методологија

Сподели
Сподели

Македонската фудбалска сцена ова лето ќе добие вистинско освежување, откако престижниот AC Milan Junior Camp ќе се одржи во Скопје. Кампот ќе се реализира од 10 до 14 јуни 2026 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Станува збор за одлична можност за младите фудбалери од земјава да работат со стручни тренери од редовите на италијанскиот гигант AC Milan и одблиску да се запознаат со нивната препознатлива методологија на работа.

Во рамки на кампот, учесниците ќе имаат тренинзи базирани на системот на AC Milan, со фокус на техничкиот развој, тактичката дисциплина и играчката интелигенција. Покрај тоа, ќе бидат дел од професионална и мотивирачка средина која има за цел да ги унапреди нивните фудбалски вештини и да придонесе кон нивниот индивидуален напредок.

Овој камп е дел од пошироките програми за развој на младите таленти и претставува значаен чекор кон подигнување на нивото на младинскиот фудбал во Македонија.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку официјалната веб-страница, а бројот на места е ограничен.

Периодот од 10 до 14 јуни ќе биде резервиран за нови фудбалски искуства, учење од врвни тренери и можност за вистински напредок – чекор поблиску до големата сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!