Прва лигаФудбал

Александар Грујоски ќе им суди на Арсими и Пелистер, Крумислав Ѓоргиев на Брера Струмица и Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Утре со два натпревари ќе биде затворено 27. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Во 13 часот на Градскиот стадион во Гостивар ќе се одигра дуелот меѓу Арсими и Пелистер, каде Александар Грујоски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак Марјан Стојановски ќе биде четврти.

Во ВАР собата ќе биде Игор Стојчевски и Гоце Петрески. Делегат на овој меч ќе биде Зоран Ѓорески, а пак Никола Караколев ќе биде контролор. Оператор за повторување на снимката е Петар Мукоски.

Во 15:30 часот во Струмица ќе се одигра мечот меѓу Брера и Македонија ЃП, каде Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен судија со Ристо Ѓорѓиев и Богданчо Ѓеоргиев како помошници. Четврт судија ќе биде Димитар Пилешков.

ВАР судија ќе биде Бењамин Ќерими, а пак АВАР судија е Мартин Дејаноски, додека пак оператор за повторување на снимката е Виктор Васев.

Делегат на средбата во Струмица ќе биде Сафет Мифтари, а пак контролор е Јосип Бартон.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!