Прва лигаФудбал

Секуловски: Максимум, борба и дисциплина – така одиме против Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер го очекува исклучително важен меч против Арсими во гости, кој доколку го добие тогаш дефинитивно ќе има отворен пат кон опстанок во Првата лига.

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Марјан Секуловски истакна дека Арсими е квалитетен противник, вели дека генерално се подготвуваат за меч на кој ќе мора да го дадат максимумот за трите бодови.

„Следен противник ни е Арсими, се подготвуваме на ист начин како и за претходните натпревари. Станува збор за квалитетен ривал, искусна екипа, македонските играчи му имаат поминато низ сите екипи од западна Македонија кои што постоеле и постојат во овој момент, со неколку интернационалци. Наша задача е да го дадеме максимумот како на секој натпревар, да бидеме борбени, да бидеме агресивни и дисциплинирани, да се потрудиме да ги искористиме нивните слабите страни. Генерално се подготвуваме за еден натпревар на кој ќе треба да го дадеме максимумот“, изјави Секуловски.

Арсими е седми на табелата со 32 бодови, а пак Пелистер е деветти односно во бараж зоната со 26 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!