Втора лигаФудбал

Јованов: Борба до последната секунда – овој бод ни дава сила!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели

Осогово извлече бод во дуелот со Шкендија Арачиново и тоа во судиското надополнување, благодарение на голот на Филип Јованов, кој беше прецизен за конечни 1:1.

Овој гол донесе бод за „жетварите“, но и голема радост кај домашната публика, верните „сејмени“ и за самиот град. Осогово продолжува да го напаѓа петтото место што е главна цел до крајот од сезоната.

Јованов по мечот истакна дека во фудбалот треба борба до последната секунда, дополнува дека голот во самиот финиш за него значи многу, но и за целиот тим, притоа се заблагодари за поддршката од навивачите.

„Ова а фудбал, борба до последната секунда. Против ФК Шкендија не беше лесно, но срцето и вербата не не напуштија, а поддршката од навивачите како наш 12-ти играч и дома и на гости ни дава дополнителна сила. Голот во самиот финиш значи многу за мене, но уште повеќе за тимот. Овој бод ни дава сила за понатаму“, рече фудбалерот на „жетварите“, Филип Јованов.

Осогово сега го дели шестото место со Детонит Плачковица со по 44 бодови и има четири помалку од петтопласираната Беласица. Во следното коло Осогово на домашен терен ќе игра против Тетекс.

 

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!