РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Хисејини за Спортска Мрежа: Ја остваривме нашата цел со три победи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство со максимален ефект во предквалификацискиот турнир.

Нашите репрезентативци денеска го совладаа домаќинот Литванија со минимални 0:1, откако претходно славеа против Турција (6:3) и Бугарија (4:1), со што го освоија првото место во групата со максимални девет бодови.

Селекторот Газменд Хисејини веднаш по натпреварот даде ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, во која потенцираше дека тимот уште од старт имал јасна цел – три победи на турнирот.

„Точно така, три победи во групата, јас уште кога тргнавме од Македонија за Литванија им кажав на играчите, дека одиме на три победи и бевме подготвени за тоа и на крај ја остваривме зацртаната цел, да имаме три победи“, рече селекторот Газменд Хисејини во изјава за Спортска Мрежа.

Хисејини нагласи дека следува уште потежок предизвик, но верува во младите сили кои се дел од репрезентацијата.

„Главната рунда нормално е потешка, ни сме во фаза кога имаме смена на генерации, но ние е дадеме се од себе за да стигнеме што подалеку, но нашата цела е да обезбедиме пласман на Европското првенство 2030“, дополни Хисејини во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Македонија со перфектен учинок го заокружи турнирот и со голема самодоверба ќе ја дочека главната рунда од квалификациите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!