Турнири

ФОТО: Радовиш утрово стана центар на младинскиот фудбал – стартуваше „Велигденски турнир 2026“

Сподели
Сподели

Радовиш утрово официјално влезе во фудбалски ритам, откако на Градскиот стадион започна „Велигденски турнир 2026“ во организација на ФК Детонит – Плачковица (пионерски категории).

Уште од раните утрински часови терените се исполнети со енергија, детска радост и фудбалска страст, а над 450 млади фудбалери од Македонија, Србија и Бугарија се дел од овој голем настан.

Покрај домаќинот Детонит Плачковица, на турнирот учествуваат и екипите на Беласица, Мал Ајакс, Биџо, Работник Галактикос, Раидерс, Нови Талиенти, Албион, Осогово, Марадона, ГФК Неготино, Брера, Либра Кидс, фудбалската школа Радисављевиќ, како и фудбалскиот клуб Христов, што му дава дополнителна тежина и квалитет на натпреварувањето.

Турнирот се игра во повеќе возрасни категории (2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018), со прилагоден формат на игра, кој овозможува развој, фер-плеј и уживање за најмладите.

Овој настан не е само спортско натпреварување, туку и вистински празник на фудбалот, каде се создаваат нови пријателства и се градат спортски вредности.

Ова е уште една потврда на одличниот раст и развој на клубот и ангажманот на управата на чело со претседателот Јовица Трајчев, каде покрај првиот тим фокусот е и на младинскиот погон.



Медиумски покровител на турнирот е Спортска Мрежа, која ќе обезбеди целосно следење со информации, фотографии и содржини директно од терените.

Со ваква масовност и организација, Радовиш уште еднаш потврдува дека е важен центар на младинскиот фудбал во регионот.



Ваков турнир се одржува за првпат во Радовиш, а полните трибини на Градскиот стадион се потврда дека радовишани сакаат да следат вакви настани и истите ги поддржуваат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!