Останато

Пораз на македонските тенисерки од Јужна Африка БЏК купот

Сподели
ФОТО: Милош Руњиќ
Сподели

Македонската тениска репрезентација претрпе трет пораз во групата Б во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. На мечевите што се играат во Бања Лука македонскиот тим загуби со 3:0 од селекцијата на Јужна Африка. Ова беше трет пораз за македонската репрезентација.

Во првиот меч Јана Божиновска загуби од Изабела Кругер со 2:0 во сетови (6:0 и 6:1).

Голема борба и меч што траеше 135 минути одиграа Сара Митевска и Џени Ван Зил. Првиот сет македонската тенисерка го загуби во тајбрејкот – 7:6, а на поени беше 7:5. Неизвесноста во мечот продолжи и во следниот сет кога 15-годишната Сара одигра уште еден квалитетен сет, но нешто поискусната противничка го доби сетот со 7:5, а со тоа и мечот со 2:0 во сетови.

Во последниот меч во двојки за Македонија настапија Сара Митевска и Зара Зафировска и беа совладани од Алегра Ван дер Валт и Абигајел Валосо со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Во вториот меч од 4.коло Мароко го победи Египет со 2:1.

Утре во последниот дуел Македонија ќе игра со Мароко.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на погодоци, но и промена на табелата. Ланскиот суперлигаш Радовиш забележа убедлива...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони, а прв предизвик ќе биде првакот на Холандија, Орион Старс. Крушевскиот...

Поврзани написи
Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони,...

Останато

(ФОТО) По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда...

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!