Ракомет

„Ќе го дадеме нашиот максимум“ – Ристески најавува нов предизвик за Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По големата победа над Еурофарм Пелистер во Битола, ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик во плеј-офот – дуел против Тиквеш. Охриѓани влегуваат во натпреварот во одлична форма и позитивна атмосфера, со победничка серија зад себе, како во домашното првенство, така и на европска сцена по двете победи над Олимпијакос и пласманот во полуфиналето на ЕХФ Купот.

Тимот покажува континуитет во игрите, самодоверба и стабилност, што е јасен сигнал дека амбициите остануваат високи и во продолжението од сезоната. Очекувањата се за уште едно силно издание и продолжување на победничкиот ритам.

За претстојниот натпревар, своето видување го сподели крилото на Охрид- Никола Ристески, кој потенцира дека клучна ќе биде сериозниот пристап и задржувањето на победничкиот менталитет.

„По победата над Еурофарм Пелистер нè очекува уште еден натпревар- против екипата на Тиквеш. Ќе го дадеме нашиот максимум да ја продолжиме низата на победи.“- изјави Ристески.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид има јасна цел – да ја продолжи успешната серија и да ја потврди одличната форма, додека Тиквеш ќе се обиде да ја прекине нивната победничка низа, што ветува уште еден возбудлив натпревар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во натпреварувањето во кое минатата сезона испиша историја. Актуелниот освојувач на ЕХФ...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во...

Ракомет

Јошида најави борба до последен здив: Охрид подготвен за двојниот европски предизвик!

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, го очекува нов европски...

Ракомет

Алкалоид со девет гола предност патува во Австрија по европскиот билет

Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!