Останато

По една деценија се враќа на европско тло: Ристоски нов тренер на Истанбул ББ

Сподели
Сподели

Македонскиот стратег Жарко Ристоски, откако освои сѐ што можеше да се освои во Саудиска Арабија со Ал Хилал (последно викендов го освоија Сауди Елитниот куп на шампиони) и сезоната ја заокружија со четири титули, се одлучи на нов предизвик во тренерската кариера.

Во следната сезона ќе биде предводник на турскиот прволигаш Истанбул ББ, чекор со кој Ристоски се враќа на европско тло, по пауза од десет години, откако претходно работеше како тренер во Швајцарија.

Ристоски беше гостин на челниците на клубот на финалето од турскиот куп, каде стави потпис и на едногодишниот договор.

„Да се води екипа во едно од трите најсилни првенства во Европа е голем предизвик, особено поради фактот дека во Турското првенство во последните три години настапуваат најголемите светски ѕвезди. Турската одбојка, како машката, така и женската, полека го превзема приматот на една од најсилните, додека Турската федерација е една од најмоќните и најорганизираните. Истанбул ББ е клуб со голема традиција, каде акцентот е ставен на работа со млади одбојкари. Тоа е расадник на одбојкари кои потоа играат во националниот тим, односно во најсилните клубови во Турција. Тие водат грижа за иднината на турската одбојка. Тоа е клуб со јасно поставена визија, каде приоритет е правилен развој на младите одбојкари. Костурот на екипата за следната сезона веќе го имам, во моментов работиме на наоѓање на соодветни засилувања со кои ќе се комплетира составот. Веќе споменав ќе претставува голем предизвик да се работи во една таква средина и професионално да се напредува“, истакна Жарко Ристоски.

Ристоски е еден од ретките македонски тренери кои може да се пофали со ФИВБ Левел 3 лиценца и кој гради сериозно меѓународно портфолио.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Искусниот бек во...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот на новата сезона, истакнувајќи дека битолскиот клуб има големо реноме во...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!