Прва лигаФудбал

Реми без погодоци во Битола: Голем бод за Пелистер во “вечното дерби” со Вардар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар и Пелистер одиграа без голови на вечерното дерби во Битола. Со тоа Пелистер после триумфот над Шкендија, сега останува непоразен и со вториот претендент за титулата, и ја прави битката за титулата во ПМФЛ уште поинтересна во финишот од сезоната.

Како и против Шкендија минатото коло, така и сега апсолутен херој на Пелистер е голманот Андреј Јовчевски кој успеа да одбрани неколку добри обиди на Вардар, а ја скроти и најдобрата шанса на скопските „црвено-црни“ во судиското надополнување.

Првата закана на Вардар дојде од Николов, кој шутираше од 20 метри, но топката мина само крај голот. Следната шанса ја имаше Кастањеда, кој во 30. минута се обиде, но неговиот удар беше одбранет од Јовчевски.

Во 50. минута Данев од левата страна остро ја упати топката кон петте метри, Јовчевски интервенираше. Во следната минута голманот на Пелистер ја расчистува и мешаницата во неговиот петерец и брани уште една шанса за Вардар. Јовчевски го одбрани и обидот на Кастањеда во 78. минута.

Петата минута од судиското надополнување ја донесе и најдобрата шанса во вториот дел. Матиќ одлично зафати една одбиена топка и шутираше од 17 метри, меѓутоа Јовчевски со парада спаси.

Потоа изведен корнер, и Јовчевски интервенираше. Последниот обид го имаше Омерагиќ длабоко во судиското надополнување, но неговиот обид со глава заврши над голот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни победи во борбата за позициите на табелата. Работнички го продолжи максималниот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!