Прва лигаФудбал

Тиквеш очекува нов домашен триумф

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Со натпреварот Тиквеш – Силекс што денеска ќе се одигра во Кавадарци со почеток од 15:30 часот, продолжува новото 29. коло во домашното првенство.

Ова е дуел на две екипи кои во пролетниот дел од сезоната имаат две спротивни резултатски серии.

Тиквеш одлично „вози“ со новиот тренер Борче Христов и има серија од пет меча без пораз од кои четири се победи. Вкупно во Кавадарци во девет кола од паузата наваму имаат забележано само два порази. Против Шкендија и токму против Силекс. На први март во Кавадарци погоди Мигуел Пиреш за 0:1, што беше и конечен резултат на тој дуел.

Од друга страна пак за Силекс има неколку мечеви кои што му се бележат со предзнакот „кикс“ пролетва. Поразите од Работнички, двете нерешени со Пелистер, како и она со Башкими на пример, одлеа неколку планирани бодови од контото на кратовци.

„Секако дека посакуваме продолжување на таа позитивна серија. Тиквеш според мене пролетва игра одличен фудбал, и така треба да продолжиме. Домашниот терен за нас секогаш е предност, навивачите секогаш за нас се „дванаесетти“ играч. Нема дилеми дека и денеска ќе дадеме 100% за да дојдеме до нови три бода и да ја направиме оваа полусезона уште поуспешна за Тиквеш“ – вели Данаил Тасев.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!