Прва лигаФудбал

АП Брера сака повторно да го освои Куманово

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Фудбалерите на АП Брера ставија крај на лошата низа со триумфот над Арсими (2-1) во минатото коло. Но, нема многу време за анализи и поглед наназад, затоа што следи новиот предизвик. Во 26.коло, тимот на Мартин Алаѓозовски денеска гостува кај Башкими во Куманово.

АП Брера има пријатни спомени од последниот дуел во Куманово, славеше со 0-2 пред малку повеќе од еден месец, па струмичани се надеваат дека и денеска би можеле да го применат истиот рецепт.

„Гледаме напред, затоа што првенството влегува во забрзан ритам. Нѐ очекува важен натпревар против Башкими во Куманово и подготвени сме да одговориме на предизвикот. Како и секогаш, одиме да се надигруваме, и нека победи подобриот“, порачуваат од тимот на АП Брера.

Во пресрет на 26.коло, АП Брера се наоѓа на седмата позиција со 31 бод, веднаш над линијата која ги означува местата кои водат во дополнителен бараж за опстанок, додека Башкими е шестопласиран со 36 бода.

Натпреварот меѓу Башкими и АП Брера се игра денеска, со почеток од 15:30 часот на стадионот на Башкими во Куманово.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!