РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СПЕКТАКЛ НА „КОШЕВО“: Македонија пред 30.000 гледачи ќе се соочи со БиХ!

Сподели
ФОТО: Nogometni savez BiH
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 мај ја очекува силен пријателски тест, откако ќе гостува кај Босна и Херцеговина на легендарниот стадион „Кошево“ во Сараево, каде се најавува вистински спектакл со околу 30.000 гледачи на трибините.

Од босанските медиуми веќе пристигнуваат повици за масовна поддршка, со цел стадионот да биде исполнет до последно место и да се создаде атмосфера во која навивачите ќе ја имаат улогата на „12-ти играч“ пред настапот на БиХ на Светското првенство.

За домашната селекција, овој дуел ќе биде генерална проба пред Мундијалот, до кој стигнаа по драматичниот бараж, елиминирајќи ја Италија на пенали. Очекувањата се дека натпреварот ќе донесе силна енергија и поддршка за репрезентацијата пред заминувањето на големата сцена.

Од друга страна, Македонија ќе го искористи овој натпревар како сериозен тест и можност за подигнување на формата, по последните резултати во бараж-циклусот. По дуелот во Сараево, македонската селекција ќе одигра уште една контрола, овојпат против Турција, која исто така ќе биде дел од Светското првенство.

Се очекува дуел исполнет со емоции, силен ритам и одлична атмосфера – вистинска увертира за големото фудбалско лето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4. Домашниот состав имаше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6. коло на Трета лига регион 6. Даниел Јандриески го отвори резултатот,...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!