Ракомет

„Ни следува тежок меч во одлучувачки момент од сезоната“ – Реј Моралес пред дербито со Е.Пелистер

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По напорниот европски двомеч со Олимпијакос, кој започна со гостување во Атина, а викендов кулминираше со драматичен реванш на домашен терен, ракометарите на Охрид, веќе се насочени кон нов голем предизвик.

Во среда ги очекува дерби пресметка против Еурофарм Пелистер во Битола, меч кој доаѓа во клучен дел од сезоната и може значително да влијае во борбата за што подобар пласман во Супер Лигата. Дополнителен мотив за битолчани е и фактот што во последниот натпревар во ,,Билјанини Извори” доживеаја пораз.

Столбот на одбраната на Охрид, шпанецот Ориол Реј Моралес најави тежок и неизвесен натпревар, потенцирајќи дека се работи за дуел во одлучувачки дел од сезоната. Тој нагласи дека и Охрид и Пелистер се тимови со висок квалитет, па според него, клучот за успехот ќе биде во подготовката и менталниот пристап на екипите.

„Ни следува тежок меч во одлучувачки момент од сезоната. Ние сме два тима кои играме на високо ниво и со добра подготовка и менталитет ќе имаме шанса за победа.“- изјави Моралес.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид влегува во дербито со голема самодоверба по европскиот успех, но и со доза на замор и свесност дека ќе мора да одигра на највисоко ниво против мотивираниот Пелистер, во натпревар кој може да биде пресвртница во домашниот шампионат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до голем успех и го освои златниот медал на Светското првенство во...

Ракомет

Тежок удар за Вардар: македонскиот тим немоќен против Монпелје“

Македонскиот Вардар 1961 се враќа од гостувањето во Франција со убедлив пораз од 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига, резултат што...

Поврзани написи
Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до...

Ракомет

Тежок удар за Вардар: македонскиот тим немоќен против Монпелје“

Македонскиот Вардар 1961 се враќа од гостувањето во Франција со убедлив пораз...

Ракомет

Гостивар убедливо против чаирчани на простување со суперлигашката конкуренција

Славеа кошаркарите на Гостивар со високи (107:72), во последниот натпревар во оваа...

Ракомет

Блажески блесна против Бутел: „Сите добивме шанса – дојдовме до важна победа!”

Тимот на Охрид се врати на втората позиција на табелата во Супер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!