Кошарка

Познат е распоредот на натпреварите во втората фаза од кошаркарската елита на Македонија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

По завршувањето на 22.коло од „МТЕЛ“ Супер лигата, согласно со системот за натпреварување, во вториот дел од натпреварувачката сезона, 12 екипи ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи.

Екипите кои според пласманот се од 1. до 6.место, (со пренесени резултати од првата фаза), ќе играат во „ТОП 6“ сегментот, додека екипите кои завршија од 7. до 12. позиција, ќе се натпреваруваат во „Плеј-аут“ делот.

Во втората фаза, која ќе стартува на 11.април, а ќе заврши со 25.април, шесте екипи ќе одиграат според еднокружен „Оролоџо“ систем, во пет натпреварувачки кола, според принципот „секој со секого“.

Првопласираните четири екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето на плеј-офот.

Ист е натпреварувачкиот систем и во Плеј-аут делот.

По пет одиграни кола, според принципот „секој со секого“, првопласираните три екипи ќе обезбедат место во Супер лигата во наредната натпреварувачка сезона 2026/2027.

Трите екипи со најслаб резултат ќе се преселат во понизок ранг на натпреварување – Првата македонска лига за натпреварувачката сезона 2026/2027.



РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ТОП 6

1.КОЛО (11.АПРИЛ)

ТФТ – Тиквеш Голден Игл

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Пелистер – Маџари

2.КОЛО (15.АПРИЛ)

Тиквеш Голден игл – Маџари

Кожув – Пелистер

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

3.КОЛО (18.АПРИЛ)

МЗТ Скопје Аеродром – Тиквеш Голден Игл

Пелистер – ТФТ

Маџари – Кожув

4.КОЛО (22.АПРИЛ)

Тиквеш Голден Игл – Кожув

ТФТ – Маџари

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

5.КОЛО (25.АПРИЛ)

Пелистер – Тиквеш Голден Игл

Маџари – МЗТ Скопје Аеродром

Кожув – ТФТ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ПЛЕЈ-АУТ

1.КОЛО (11.АПРИЛ)

Чаир 2030 – Ангели

МКК Куманово – Гостивар

Работнички – Феникс 2010

2.КОЛО (15.АПРИЛ)

Ангели – Феникс 2010

Гостивар – Работнички

Чаир 2030 – МКК Куманово

3.КОЛО (18.АПРИЛ)

МКК Куманово – Ангели

Работнички – Чаир 2030

Феникс 2010 – Гостивар

4.КОЛО (22.АПРИЛ)

Ангели – Гостивар

Чаир 2030 – Феникс 2010

МКК Куманово – Работнички

5.КОЛО (25.АПРИЛ)

Работнички – Ангели

Феникс 2010 – МКК Куманово

Гостивар – Чаир 2030



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!