Убедливи победи со голем број на погодоци го одбележа 21. коло на Првата ракометна лига, а во кое слободна беше екипата на Мулти Есенс, а пак Текстилец доби службени бодови од исфрлениот Кичево.
Младост од Богданци се врати на победничките патеки откако славеше над Јехона со високи и убедливи 28:40 во Гостивар. Домашниот тим парираше во првите 15 минути, а потоа гостинот од Богданци се одлепи и го реши мечот.
За Јехона очекува прво име беше Адис Салиу со 11 гола, а пак кај Богданци прв беше Зоран Стојановски со десет гола, девет имаше Лазар Адамовиќ, а Даниел Андоновски осум.
Вардар Неготино со 28:36 славеше над Аеродром во гости, во меч каде за домашниот тим Христијан Сибиновски беше прво име со пет гола, кај тимот од Неготино се истакна Ѓорѓи Орешков со 13 гола, а Наќе Ѓорѓев имаше 11 гола.
Убедлива домашна победа славеше и Драчево Јуниор од 40:25 над Овче Поле. Димитар Петковски беше најдобар за домаќинот со 11 гола, за гостинот Кристијан Стаменков имаше седум гола.
Очекувано и Македонија ЃП имаше висока победа над Шампион од 24:48. Кај „лавовите“ со по осум погодоци се истакнаа Кристијан Ѓероски и Мартин Бучуковски, а кај домаќинот Алек Атанасовски у Давид Јовчевски со по шест гола.
Бодовите остана во Ресен откако Преспа со 30:26 го доби Партизан. Во неизвесен меч со често менување на водството и игра гол за гол домашниот тим до победата го предводеше Драган Ивановски со шест гола, а неколку ракометари се истакнаа со по пет погодоци, кај гостинот Илија Пејковски и Горан Лисичков имаа по шест гола.
На врвот е Мулти Есенс со 36 бодови, а толку има и Младост од Богданци. Меѓу двете екипи ќе биде борбата кој да биде шампион и да има директен влез во Супер лигата, а кој да игра бараж за влез во елитата.