Кошарка

Струмица од првата позиција во плеј-офот на Првата кошаркарска лига – борба за влез во елитата!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Поради подобриот меѓусебен скор, струмичани се пред Соколи 1933, во доигрувањето се и екипите на Бутел и Борец баскет.

Последното, осмо коло ги симна дилемите околу конечниот изглед на табелата. Односно ги потврди и натпреварувачките бројки на четирите екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот, за пополнување на едно место кое води во Супер лигата во наредната натпреварувачка сезона.

Екипите на Струмица 2001 и на Соколи 1933 остварија уште една победа, двете завршуваат со скор (11-3), но во онаа прва фаза од сезоната, струмичани имаат подобар скор во двата меѓусебни дуели со штипјани.

Оттука ќе ја стартуваат третата фаза од најдобрата стартна позиција.

Во полуфиналето, Струмица 2001 ќе игра против Борец баскет, додека другата полуфинална двојка ја формираат екипите на Соколи 1933 и Бутел.

ОХРИД – СТРУМИЦА 2001 50:80

Немаа многу проблеми кошаркарите од Струмица на гостувањето во Охрид. Упште во првите 20.минути, гостите се стекнаа со голема позитива. Водеа на полувремето со (48:21), па она второто го одиграа рутинерски за потврда на победата која им ја носи и првата стартна позиција.

Со 21. реализација, Александровски го предводеше нападот на гостите. Јовановиќ и Мирков постигнаа по 13.поени, додека Масевски додаде 11.

Во домашната екипа, единствен двоцифрен кошаркар беше Донаковски, реализираше 17.поени.



ВАРДАР – СОКОЛИ 1933 76:98

Со одличен финиш, односно добро одработени последни десет минути, кошаркарите на Соколи 1933 го совладаа младиот состав на Вардар, и ја задржаа предноста која ја носи играњето на домашен терен во првата фаза од плеј-офот.

Има имаа почетно водство (27:18), по десет одиграни минути, штипјани им дозволија на „вардарци“ да се вратат во натпреварот.

Во наредните две четвртини Вардар дојде до заостанување од само два поени (69:71), со кои се влезе во последниот дел од играта.

Капитенот Никола Караколев го предводеше тимот од Штип до новиот успех, реализираше 26.поени. Милков постигна 19, Блажевски 15, а Костадинов уште 13.поени за Соколи 1933.

Кај Вардар, екипа за која ова беше и последниот меч во оваа конкуренција во сезоната, Ѓорѓевиќ постигна 23.поени, Терзиевси 13, а Данев уште 12. Поени.



МЕГА БАСКЕТ – БОРЕЦ БАСКЕТ 88:74

Кошаркарите на Мега баскет дојдоа до првата победа во ТОП 8 фазата во ова последно коло од вториот дел од ова натпреварување. Беа подобри од Борец баскет, на крајот со сигурни и убедливи (88:74).

Иако гостите од Велес ја добија првата четвртина (20:18), прилепчани направија пресврт во вториот период во кој се стекнаа со водство (39:34), на полувремето.

Беа подобри од противникот и во продолжението од играта, за што дојде и првиот триумф во овој втор дел од сезоната.

Јовановски реализираше 21.поен, Димитриевски и Враниќ дадоа по 16, додека Стевановски имаше уште 10.

Во поразената екипа, која го завршува овој сегмент на 4.место, Џејмс и Сапроновски реализираа по 19.поени, а Несторовски уште 12.



ВОДНО САНС – БУТЕЛ 78:100

Уште една „стотка“ реализираа кошаркарите на Бутел во овој дел од сезоната, доволно за да ја потврдат третата позиција на табелата.

Сега и на гостински терен, против младиот тим на Водно Санс.

Предноста која ја имаа по 20.минути од играта (51:43), условно земено „гостите“ (овој натпревар се играше во салата „Илија Хаџи Николов“ во скопската населба Бутел), ја зголемија по паузата. Дојдоа до недостижни (80:58), на крајот на третата четвртина. За нов успех, за нив вкупно десетти во вкупниот збир од ТОП 8 сегментот.

Атанасов беше прв стрелец во екипата од Бутел, постигна 26.поени. искусниот Хот даде 20, Киров имаше 17, а Петров уште 11.поени.

Во екипата на Водно санс, Ванчов дојде до 17.поени, Митев имаше 15, Каркински 14, а Лазаров 13.поени.

Водно санс го завршува натпреварувањето, односно сезоната во Првата македонска лига со ефект (2-12).



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Кошарка

Капитенот Никола Караколев останува во Соколи

Кошаркарскиот клуб Соколи и капитенот Никола Караколев ја продолжија соработката и за...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!