Трета лигаФудбал

Важна победа за Влазними, Могила со минималец го доби Караорман, три бода за Славеј Мешеишта

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица 2021
Сподели

Трите бодови останаа во Мешеишта откако Славеј со 5:2 го доби Демир Хисар и тоа преку пресврт. Гостинот преку Дамчевски го отвори резултатот за 0:1, а во вториот дел гол постигна и Ангелевски за 0:2.

Сепак, до крајот на мечот Славеј преку Ќитаноски, Митрески, Крстески, Короскоски и Јордески стигна до убедлива победа од 5:2.

Могила ги освои трите бодови откако со 1:0 славеше над Караорман, а стрелец на победничкиот гол беше Хакан Алимовски.

Трите бодови останаа во Ношпал откако со 3:2 тимот на Напредок славеше над Кораб од Дебар. Владе Јанакиевски беше двоен стрелец за домашниот состав, а еден гол постигна Никола Јовановски. За гостинот Амин Качалнику и Един Мерсовски беа стрелци.

Влазними преку пресврт славеше над Света Троица со 2:1. Климент Филев беше стрелец за Охриѓани во 4. минута, а потоа Елидон Рочи и Самед Кадриоски погодија за 2:1.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!