Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен ја шокираше спортската јавност: Крај на една ера!

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово кој е шампион од минатата година преку соопштение ја изненади спортската јавност во Македонија, откако тетовскиот клуб соопшти дека става крај на една успешна ера.

Од клубот тврдат дека се оштетени од „неспортски случувања“ по одлуки на Фудбалската федерација на Македонија, потенцирајќи како што се вели во соопштението немало место за успешни за оние кои вложуваат и сакаат напредок, а како што се вели денес бил последниот натпревар со интернационалки, но последен меч и по многу нешта.

„Крај на една ера! Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен по многу нешта!

По последните случувања на терените за кои сме повеќе од сигурни беа се само спортски не, како и одлуките на Фудбалската Федерација јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот.

Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко!

За крај да се заблагодариме на сите они фудбалерки кои го носеа дресот на Љуботен изминативе шест години ќе ни треба многу редови да ги напишеме а може некого да заборавиме, двата капитени кои ги подигнаа седумте трофеи Маги и Танди ќе останете запишани во историјата на клубот, посебна благодарност до девојките од Тетово поради кои се ова започна Ива, Елена, Росана, Мила, Мими, Ангела и многу други, посебна благодарност и до сите менаџери со кои соработувавме и сите интернационалки кои го носеле дресови ги имаше преку 50 од Бразил до Нигерија, од Русија до Црна Гора и многу други држави на сите големо благодарам“, се вели во соопштението на клубот.

Денес, Љуботен триумфираше со 4:1 над Каменица Саса, а овие две екипи ќе се соочат и во полуфиналето од Купот на Македонија.

Од тетовскиот клуб искажаа голема благодарност до градоначалникот Јовица Илиевски, Министерот за спорт Борко Ристовски, како и до приватни компании кои го поддржувале клубот во изминатиот период.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!