КупФудбал

Тиверија Брера против Топ Гол, Саса на дерби со Љуботен во Купот на Македонија кај дамите

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Одредени полуфиналните парови за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Тиверија Брера ќе има лесна задача за да обезбеди влез во големото финале, бидејќи во полуфиналето ќе се соочи против објективно послабиот Топ Гол.

Струмичанки ќе бидат големи фаворити за да обезбедат ново учество во финалето од Купот на Македонија.

Дерби во полуфиналето ќе има меѓу Љуботен и Каменица Саса, во неизвесен меч на два поранешни шампиони ќе биде битката за влез во финалето.

Тиверија Брера до полуфиналето стигна откако славеше со 2:0 над Скопје, Љуботен беше убедлив со 8:1 над Ас Јунајтед, Топ Гол со 0:9 го доби второлигашот Плачковица, а пак Каменица Саса со 0:4 славеше над Кочани.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло од Лигата на шампионите, а полскиот тим ќе се обиде повторно...

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!