КупФудбалФутсал

Драма до последен пенал: Кеги Моби во финале на футсал Купот, Јувентус Серава падна во „рулетот“!

Сподели
ФОТО: Принтскрин | АРХИВА
Сподели

Кеги Моби се пласираше во финалето од Купот на Македонија, откако по вистинска драма и пенал-рулет ја елиминираше екипата на Јувентус Серава.

Полуфиналето донесе возбудлив и ефикасен натпревар, кој во регуларниот дел заврши без победник, со дури осум постигнати голови (4:4).

Велешани одлично го отворија мечот и уште во 4. минута поведоа преку Петар Левков. Само осум минути подоцна, Трајче Трајков зголеми на 2:0. Сепак, Јувентус Серава брзо се врати во игра – Омер Османи намали на 2:1 во 17. минута, но веднаш потоа Стефан Димовски повторно донесе предност од два гола (3:1), резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме следуваше вистинска голеада. Кирил Ивановски погоди за Кеги Моби, додека за противникот возврати Ќендрим Абази. Токму Абази подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелци за 4:3, а Фуркан Шабани донесе ново израмнување за конечни 4:4 во регуларниот дел.

Победникот се решаваше преку пенали, каде што двете екипи беа сигурни во првите четири серии. За Кеги Моби погодуваа Кирил Ивановски, Трајче Трајков, Иван Стојановски и Александар Михајлов, додека кај Јувентус Серава прецизни беа Фуркан Шабани, Ќендрим Абази, Армандо Алијевиќ и Шефки Бериша.



Одлучувачки беше петтиот круг – Стефан Димовски реализираше за Кеги Моби, додека Исмаил Абдуловски не успеа да погоди за Јувентус Серава, со што велешани обезбедија место во финалето.

Во големото финале, Кеги Моби ќе се соочи со екипата на Проект, тим кој сезонава е перфектен и без пораз. Клубот од Јосифово веќе ја освои шампионската титула, а сега ќе атакува и на Куп-трофејот, додека Кеги Моби ќе се обиде да го сопре нивниот победнички налет и да стигне до трофејот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!