Тиверија Брера се чекираше во полуфиналето од Купот на Македонија кај дамите откако со 2:0 славеше над Скопје на домашен терен и пред својата публика.
Натпреварот во Струмица беше решен рано откако тимот на Славе Велков преку Павлинка Николовска постигна гол во 13. минута за отварање на резултатот, а само една минута подоцна Билјана Панеска погоди за 2:0, а тоа беше и конечен исход.
Каменица Саса со 0:4 славеше над Кочани и лесно стигна до полуфинале, откако Бразилката Тчеури Харуми Гоја постигна хет-трик, а еден гол постигна Христина Јовановска.
Единствениот второлигаш во четвртфиналето беше елиминиран со високи 0:9, Топ Гол имаше лесна победа во Радовиш над Плачковица.
Александра Ристевска дури трипати ја погоди мрежата на радовишкиот тим, двоен стрелец беше Дарија Стојчевска заедно со Михаела Талевска, а еден гол беше дело на Сара Стефановска. Марија Јаневска од домашната екипа си постигна автогол.
Тимот на Љуботен со убедливи 8:1 славеше над Ас Јунајтед за следна влез во полуфиналето. Во убедливата победа за Љуботен по двапати погодија Хава Мустафа и Улза Максути, по еден гол постигнаа Настасја Накова, Александра Марковска и Милана Рахимова, а пак Кристина Мојсоска од струшкиот тим си постигна автогол во 66. минута од средбата.
За тимот на Ас Јунајтед единствен стрелец во високиот пораз беше Оливера Цоклеска која погоди во 48. минута.
Со ова екипите на Тиверија Брера, Каменица Саса, Топ Гол и Љуботен се во финалето од Купот на Македонија.