РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година славеше во Ереван против Ерменија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година стави крај на негативната серија резултати и по вторпат во овој квалификациски циклус славеше против Ерменија, овојпат на гостински терен во Ереван со 2:0, во рамки на 8. коло од групата.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ одиграа зрело и дисциплинирано, покажувајќи повеќе квалитет на теренот и сосема заслужено дојдоа до три бода. По еден погодок во двете полувремиња беше доволен за втора победа во квалификациите, воедно и прва по серијата од четири порази во низа.

Македонија уште од самиот старт наметна иницијатива и најави офанзивен пристап. Трајков се закани рано од натпреварот, но противничкиот голман Матинјан беше на висина на задачата. Во текот на првиот дел, Станиќ беше принуден на измена поради повредата на Дураков, а неговата замена, Мартин Ѓоргиевски, се покажа како клучен фактор. Тој донесе водство непосредно пред паузата, реализирајќи пенал откако Данев беше соборен во шеснаесетникот. Со тој погодок, Македонија го прекина и голгетерскиот пост кој траеше речиси 300 минути.



Во продолжението, домашната селекција се обиде да ја преземе иницијативата, но македонската одбрана функционираше сигурно и организирано. Конечниот исход беше решен во 76. минута, кога по асистенција на Хамза, Љатифи реализираше одлична соло-акција, крунисана со прецизен удар за 0:2.

До крајот, Ерменија имаше шанса да го ублажи поразот, но голманот Џеков со сигурна интервенција ја зачува мрежата.

Следниот предизвик за Македонија до 21 година ќе биде во октомври, кога на домашен терен во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Црна Гора.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките до 20 години со пораз од Романија ги отворија БВА квалификациите

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години со пораз ги започна...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!