РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија го сочува голот во Даблин – без победник против Ирска

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 0-0 на гостувањето кај Ирска во Даблин, во пријателски натпревар кој не понуди многу возбудувања, но донесе цврста дефанзивна игра од нашите фудбалери.

Ирска ја имаше иницијативата во најголем дел од мечот и создаде повеќе шанси, особено во второто полувреме, но Македонија одговори со дисциплинирана и организирана одбрана, предводена од голманот Столе Димитриевски, кој беше сигурен на голот.

Нашиот национален тим упати само еден удар во рамките на голот, преку Енис Барди, што доволно говори за офанзивниот дел од играта, кој беше на многу ниско ниво. Од друга страна, Ирците беа поконкретни, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата.

Во текот на натпреварот селекторот направи повеќе измени и им даде шанса на голем број фудбалери, меѓу кои и дебитантот Имран Фетаи, кој остави добар впечаток со неколку сигурни интервенции.

Најголемата шанса за домаќините дојде во 52. минута кога ја погодија стативата, а во самата завршница Ирска повторно се закани, но Димитриевски реагираше одлично и го сочува нерешениот резултат.



Македонија на крајот одигра дисциплинирано во дефанзива, но без доволно идеи во нападот, па натпреварот заврши без голови и без победник.

Следниот собир на репрезентацијата се очекува во јуни, кога ќе следуваат нови тест натпревари во рамки на подготовките.



Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!