Ракомет

,,Ништо не е готово, верувам дека ќе бидеме уште подобри пред нашите фанови”– Лиапис го најави реваншот против Олимпијакос

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид се на чекор до ново историско поглавје на европска сцена, откако во првиот четвртфинален дуел во Атина го совладаа Олимпијакос со 31-26. Пред „гладијаторите“ остануваат уште 60 минути во салата „Билјанини извори“ за да го заверaт пласманот меѓу најдобрите четири во ЕХФ Европскиот куп.

Охрид одигра зрело и сигурно во Грција, контролирајќи го натпреварот од самиот почеток. Предноста постојано беше на страната на македонскиот тим, а во еден момент достигна и „плус шест“ (14-8), со што јасно стави до знаење кој го диктира ритамот.

ФОТО: ГРК Охрид

И покрај тоа што Савас беше најефикасен кај домаќините со 14 погодоци, одбраната на охриѓани успеа да ги неутрализира останатите закани, што се покажа како клучно во контролата на резултатот.

На голот блескаше Кристијан Пилиповиќ со дури 18 одбрани, додека во нападот се истакна Николаос Лиапис со осум погодоци, како едно од пријатните изненадувања. Свој придонес дадоа и Иванковиќ, Срмљан и Прибетиќ, кои ја одржуваа стабилноста во клучните моменти.

ФОТО: ГРК Охрид

Сега сцената се сели во Охрид, каде се очекува полна сала и силна поддршка од трибините. Тимот на Борис Ројевиќ има солидна предност, но како што најави Лиапис – сè уште ништо не е завршено.

,, Многу сме среќни за победата, но ништо не е завршено. Ќе тренираме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар против Олимпијакос. Верувам во мојот тим дека ќе бидеме уште подобри во вториот натпревар и дека со помош на нашите фанови ќе славиме заедно!”- изјави Лиапис.

ФОТО: ГРК Охрид

Олимпијакос ќе се обиде да возврати и да ја анулира негативата, но охриѓани имаат јасна цел – да ја довршат работата и да испишат историја.

Со предност од пет гола и домашен терен, Охрид е во идеална позиција, но ќе мора да остане максимално фокусиран. Европската пролет е на дофат – останува уште еден чекор до полуфинале.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!