Останато

Штип УГД против Работнички 71&22, ГОК Борец и Струмица 47&72 во полуфиналето на плејофот

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Четирите екипи кои викендов беа дел од финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026, ќе ги гледаме и во завршницата од првенството, односно во „трката“ за шампионската титула во сезоната 2025/2026. Куп освојувачот, Штип УГД и Работнички 71&22, односно ГОК Борец и актуелниот шампион Струмица 47&72 ќе се соочат во полуфиналето на првенствениот плејоф во Првата лига мажи, чие разигрување беше комплетирано на почетокот на оваа недела.

Најдобрите четири екипи на прволигашката табела ќе се борат за шампионската титула, а тргнуваат од полуфиналето, кое се игра во два добиени натпревари. Серијата стартува на 1 април на теренот на подобро пласираната екипа, додека втората средба се игра кај послабо рангираниот на 4 април. Евентуалниот трет меч би се играл на 7 април.

Лидерот на табелата, Штип УГД со голема предност влегува во полуфиналето со Работнички 71&22, не само поради позициите на табелата (1-4) туку и поради фактот дека води 3-0 во меѓусебните првенствени соочувања сезонава. Скопскиот состав знае да биде „тврд орев“ за фаворитите, но откако ја задржа куп-титулата во свој посед јасно е дека момците на Кристиан Ристески атакуваат на двојна круна.

Поголема неизвесност може да понуди втората полуфинална двојка ГОК Борец и Струмица 47&72. Велешкиот состав има три победи во исто толку одиграни натпревари сезонава, но само еден дуел завршил со максимален резултат, додека на останатите два се водеше долга битка. Борец не успеја да стигне до трофеј во Купот, но ќе се обиде тоа да го поправи во првенството. Младиот тим на Васе Михаилов од друга страна, пак, желен е за докажување, но и за задржување на традицијата во борбата за титулата, па ќе се обиде да стигне најмалку до финалето и да си даде шанса достојно да ја брани титулата.

Што се однесува до Сушево и Универзитет во Тетово, тие на петтото, односно шестото место ја завршува сезоната, а зад нив се Шкендија, Лирија, Скопје, Македонија Џио, Весна Пробиштип и Јанта Волеј, кои според остварените резултати во плејаут фазата го потврдија конечниот пласман за сезонава.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ ПЛЕЈОФ

1 МЕЧ (01.04.2026)

Штип УГД – Работнички 71&22 18:00ч.

ГОК Борец – Струмица 47&72 17:45ч.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!