Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Дино Славиќ нов голман на ГРК Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид го потврди првото засилување за наредната сезона, откако редовите на клубот ќе ги засили искусниот хрватски репрезентативен голман Дино Славиќ.

Станува збор за 33-годишен чувар на мрежата, висок 185 сантиметри, кој во Охрид доаѓа по три сезони поминати во француски Лимуж.

Претходно во кариерата Славиќ настапуваше и за екипите на Загреб и Адемар Леон, а зад себе има и значајни настапи во дресот на хрватската репрезентација.

Според договорот, Славиќ ќе го носи дресот со број 12 и се обврза на соработка од најмалку две сезони.

Со неговото доаѓање, Охрид добива големо засилување на голманската позиција, што е јасен сигнал за амбициите на клубот во домашното првенство и на европска сцена.

„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив.“ – изјави Дино Славиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!