КупФудбал

Ангелчо Ристов ќе им судија на Тиверија Брера и Скопје, Ненад Тодоровски на Љуботен и Ас Јунајтед

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, а со тоа се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Во Струмица ќе се игра дербито меѓу Тиверија Брера и Скопје, каде Ангелчо Ристов ќе биде главен судија, а ќе му асистираат Зоран Ангелов и Ване Дупкаров, а контролор ќе биде Ѓорги Карајанов. Мечот започнува во 14 часот.

Во Тетово ќе се соочат ривалите Љуботен и Ас Јунајтед, Ненад Тодоровски ќе биде главен судија на овој меч, а ќе му помагаат Горан Милошевски и Александар Николоски. Контролор ќе биде Игор Ширилов, а стартот е во 12 часот.

Кочани на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Каменица Саса, а Александра Спасова ќе им суди, асистенти се Александар Ајдаров и Радмила Неркова. Контролор е Горан Манасиев, а почетокот е закажан за во 12 часот.



Во Радовиш ќе се одигра мечот меѓу второлигашот Плачковица и Топ Гол, каде Виолета Јанчева ќе дели правда со Кирил Манчев и Петар Манчев како помошници. Зоранчо Темелков е контролор, а средбата ќе започне во 13 часот.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!