Ракомет

ВИДЕО: Мулти Есенс го урна Младост и го презеде врвот – прв пораз за богданчани!

Сподели
ФОТО: Влатко Трповски | Спортска Мрежа
Сподели

Дербито во ракометната Прва лига донесе убедлива победа на Мулти Есенс, кој во Автокоманда го совлада Младост Богданци со 39:27 и со тоа му го нанесе првиот пораз на ривалот оваа сезона.

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, со чести промени на резултатот и минимални разлики. Сепак, домаќините во финишот успеаја да направат мала предност и на пауза заминаа со водство од 19:17.

Клучниот период дојде на стартот на второто полувреме, кога Мулти Есенс ја искористи кризата во играта на Младост и со серија голови се одлепи на 27:20.

ФОТО: Влатко Трповски | Спортска Мрежа

Од тој момент натаму, контролата беше целосно на страната на домашниот тим, кој без поголеми проблеми ја задржа високата разлика до самиот крај.

Најефикасен во победничкиот состав беше Немања Џигероски со девет погодоци, додека значаен придонес дадоа и Јулијан Матески и Дарјан Ѓоќески со по шест гола. Сигурен на голот беше и Стефан Јорданов со двоцифрен број на одбрани. Кај Младост, Лазар Адамовиќ се истакна со 11 реализации.



Со оваа победа, Мулти Есенс го презеде лидерското место на табелата и направи голем чекор кон директен пласман во Суперлигата, додека Младост ќе мора да бара шанса преку преостанатите натпревари да се врати во трката за првата позиција.

ФОТО: Влатко Трповски | Спортска Мрежа



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!