Втора лигаФудбал

Малерот продолжува: Охрид и по 17 години без победа над Брегалница

Сподели
Сподели

Големото дерби од 22. коло во Втората лига донесе ново разочарување за Охрид, кој не успеа да ја прекине негативната традиција против Брегалница и по цели 17 години.

„Рибарите“ загубија во Штип со 1:0, а мечот беше решен со вистински еврогол на Лука Ѓеоргиев.

Иако најавите беа дека ова може да биде натпреварот во кој Охрид конечно ќе го скрши малерот против „сините“, тоа не се случи ниту овојпат.

Брегалница повторно покажа дека знае како да игра против овој ривал, особено на домашен терен, и со минимална, но значајна победа ги задржа шансите за врвот, бидејќи само првата позиција директно води кон Прва лига, а второто и третото место кон баражот за можен пласман.

Овој пораз има сериозни последици за охриѓани, кои го загубија и првото место на табелата. Нов лидер сега е Скопје со 50 бодови, додека веднаш зад него, на делба на втората позиција, се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново – сите со по 49 бодови.

Сепак сите четири екипи имаат еднакви шанси за влез во Прва лига и ништо не е загубено за било која на осум кола до крај.

Битката за Првата лига дополнително се комплицира, а дербито во Штип покажа дека секој бод ќе биде пресуден во неизвесната трка до самиот крај на сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!