Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со Шведска, Грција и Луксембург во битка за ЕП 2028!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе настапат во групата 8, каде ќе се соочат со селекциите на Шведска, Грција и Луксембург. Јасно е дека Шведска важи за фаворит, додека Македонија ќе води директна борба за едно од местата што водат на континенталниот собир.

Квалификациите стартуваат во ноември 2026 година, а ќе се играат во три термини – ноември, март и мај. Македонија ќе го отвори циклусот со домашен дуел против Луксембург, по што следува гостување кај Грција. Двојниот предизвик со Шведска е закажан за март 2027, додека последните две кола се играат во мај.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации, што дополнително ја зголемува важноста на секој освоен бод.

Континенталниот шампионат во 2028 година ќе се одржи од 13 до 28 јануари, а Македонија ќе се обиде да биде дел од европската ракометна елита и на овој голем настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!