Кошарка

Мајсторка за влез во елитата: Кошаркарките на Гевгелија ја добија Струга

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Екипата на Гевгелија израмни на (1-1) во финалната серија од плеј-офот за пополнување место во Првата женска лига, откако на домашен терен убедливо славеше против Струга 2009 со 75:60.

По изедначеното прво полувреме, во кое гостинките од Струга имаа минимална предност од 36:35, натпреварот целосно се сврте во корист на домаќинките во третата четвртина. Токму тој период се покажа како пресуден, бидејќи Гевгелија направи серија од 26:7 и го скрши отпорот на противникот.

До победата, тимот на Гевгелија го предводеа Стојковска и Димковска со по 16 поени, додека искусната Деловска додаде 14. На спротивната страна, Зиба одигра извонреден меч со 30 поени, но немаше доволна поддршка, иако Даути постигна 12, а Хиса осум поени.

Со оваа победа, серијата е израмнета и одлуката за новиот член на Првата лига за сезоната 2026/2027 ќе падне на третата, решавачка средба.

„Мајсторката“ е закажана за 29 март (недела) од 17:00 часот, повторно во спортската сала „26. април“ во Гевгелија, каде ќе се решава кој ќе се приклучи на друштвото на најдобрите женски екипи во Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!