Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го откри стартниот состав за денешниот бараж натпревар против Данска во Копенхаген, во рамки на последниот филтер за пласман на Светското првенство во САД и Мексико.
Најголемото изненадување во составот е Лирим Ќамили од данскиот Сондерјиске, кој ќе почне од првата минута заедно со Растодер како офанзивен двоец. Во средниот ред ќе настапат Елмас, Барди и Атанасов, додека на страните ќе играат дебитантот Херера и Чурлинов, кој ќе биде десен бек. Одбраната ја сочинува тројката Муслиу, Зајков и Стојчевски, а на голот стандардно е Димитриевски.
Данска ќе настапи со очекуван состав: Хермансен, Бах, Норгард, Нелсон, Меле, Хојберг, Хјулманд, Дамсгард, Исаксен, Фрокхолт и Хојлунд.
Натпреварот ќе го суди германскиот судија Цвајер, а победникот ќе се сретне со Чешка или Ирска во финалето на плеј-офот. По правило, победник мора да се одреди вечерва, дали во 90 минути, по продолженија или по изведување на пенали.
Македонија оди на офанзива со цел да ја искористи својата динамика и брзината на младите играчи, додека Данска ќе се обиде да го задржи стабилното темпо и контролата на средината на теренот. Очекувањата се големи, а атмосферата на „Паркен“ ветува неизвесен и напнат дуел.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...
Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...
По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...
Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...