РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија пред историски предизвик: Бараж со Данска за чекор поблиску до Мундијалот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува еден од најзначајните натпревари во поновата историја – полуфиналниот бараж против Данска, кој ќе се одигра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Влогот е огромен – победникот ќе обезбеди пласман во финалето од баражот за Светското првенство, каде ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Иако Данска важи за фаворит, македонските фудбалери заминуваат со јасна цел – да приредат изненадување и да направат нов чекор кон историски успех. Селекторот Гоце Седлоски ги финализира плановите околу составот и тактиката, со кои Македонија ќе се обиде да одговори на силниот противник.

Историјата на меѓусебните дуели покажува изедначена слика. Двете селекции досега одиграле три натпревари – Македонија има една победа, Данска една, а еден меч завршил без победник. Последниот дуел, одигран во 2013 година, им припадна на „црвено-жолтите“ со убедливи 3-0.

Дополнителен мотив за нашите репрезентативци ќе биде и поддршката од трибините, каде се очекува присуство на околу илјада македонски навивачи, кои ќе бидат значаен ветер во грб во обидот да се освои Копенхаген.



Пред Македонија е тежок, но и инспиративен предизвик – натпревар во кој може да се испише нова страница во историјата на македонскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Башкими и Вардар, Александар Урошевиќ главен на Арената

Утре се играат нови два натпревари од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите веќе се делегирани судиите односно официјалните...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Беласица и Брегалница, Стојанче Стојанов на Скопје и Охрид

Со седум мечеви утре ќе биде отворено 27. коло на Втората лига, а истото ќе се затвори со еден натпревар в недела. Познати...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентацијата со нов имиџ – ФФМ го промовира дресот за новата сезона

Фудбалската федерација на Македонија го промовира новиот дрес на македонската репрезентација, изработен...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!