Останато

Штип УГД оди по „хет-трик“, Струмица, Борец и Работнички ќе бараат шанса за Куп-пехар

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Втора година во низа финалниот турнир од Купот на ОФМ во машка конкуренција ќе го сочинуваат четири исти клубови – бранителот на титулата Штип УГД, Струмица 47&72, како и Борец и Работнички 71&22.

Во годинешното 33. издание, машките полуфинални дуели се на распоредот на 27 март (петок) на Ф4 кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Ждрепката посака ланските финалисти Штип УГД и Струмица 47&72 оваа година да се сретнат во полуфиналето, за разлика од претходните две години кога тие играа за пехарот. Овој дуел ќе стартува во 17:30 часот, каде двократниот бранител на титулата важи за фаворит, но ќе мора да биде многу внимателен со оглед на тоа дека младиот струмички состав е единствениот кој му нанесе пораз сезонава.

ФОТО: ОФМ

„Се соочуваме со ланскиот шампион додека ние сме бранители на Купот и тоа ветува добар натпревар. Фокусирани сме за она што не очекува во полуфиналето, да го завршиме како што треба. Со Струмица се соочивме двапати во вториот дел од сезоната, екипата е подмладена, но е многу мотивирана, што ни создаде многу проблеми во претходните дуели. Мислам дека се надминати тие проблеми, противникот е анализиран и подготвени сме за првото полуфинале“, истакна Давид Стојанов, организаторот на играта на Штип УГД, додека неговиот соиграч Стојче Арсов се надоврза: „Се надевам дека публиката ќе ужива во добра одбојка, дека ќе дојде во што поголем број и ќе даде поддршка на својата екипа.“

Во таборот на Струмица 47&72 веруваат дека имаат сила да им ги расипат сметките на фаворитите.

„Имам млада и неискусна екипа, која како што минува сезоната од натпревар во натпревар се повеќе ‘дише’ заедно и изгледа убаво на терен. Со оглед на неискуството, тешко е да се предвиди, но доколку се ослободат и играат паметно тогаш може да им ги расипеме сметките на поискусните екипи, како што е Штип УГД. Тие се фаворити, додека ние ќе влеземе опуштено и ќе чекаме шанса, која доколку ни се укаже ќе ја искористиме со сигурност. Од секој натпревар учиме нешто и се градиме како екипа, а така ќе биде и на овој дуел. Верувам во моите играчи и верувам дека најдоброто од себе ќе го дадат на терен, ќе гинат за секој поен и ги повикувам сите кои може да дојдат во сала да уживаат во убава одбојка“, потенцира тренерот на Струмица 47&72, Васе Михаилов.

Второто полуфинале, од 19:30 часот, носи уште едно дерби, на големите ривали во првенството Борец и Работнички 71&22. И од двата табори потенцираа дека нивните меѓусебни дуели сезонава носат неизвесност и дека така ќе биде и во соочувањето од Купот.

ФОТО: ОФМ

„Секој натпревар со Работнички сезонава беше интересен, двата тима се многу квалитетни. Очекуваме добар меч. Ние многу мотивирани влегуваме во дуелот, од сезона во сезона Борец работи се посериозно, расте и подготвени сме за дуелот со Работнички“, истакна одбојкарор на Борец, Антонио Николов.



За Работнички 71&22 самиот пласман на финалниот турнир е успех, но секако ќе се обидат да стигнат до финалето и покрај фактот дека се соочуваат со многу пехови со повредени играчи.

„Работнички со самиот пласман на Ф4 веќе ја исполни целта зацртана на почетокот на сезоната, особено поради фактот дека имаме сериозно подмладување на тимот. Борец е ривал со кој одлично се познаваме, одигравме три дуели во првенството, еден во првиот дел од сезоната кој го добивме и сега ги загубивме двете меѓусебни средби во пролетниот дел. Двете екипи ќе имаат што да покажат. Борец е искусен и квалитетен тим и тоа им дава одредена предност, но куп-натпреварите е еден меч и дозволени се изненадувања. Работнички сезонава не само што има млада екипа, туку имаме и пехови со повредени играчи – двата техничари, исто така и коректорот и тоа е причината поради која во втората полусезона резултатите се поскромни. Амбициозни сме и подготвени и тактички и технички и се надевам дека тоа играчите ќе го покажат и на терен“, вели Јованче Манасков, тренер на Работнички 71&22.

ФОТО: ОФМ

„Тешка сезона за нас поради промените во поставата и повредите со кои се соочуваме, но најважно е дека обезбедивме пласман на Ф4 и тука сме за да потврдиме дека тоа место е заслужено“, додаде Ангел Бошков, одбојкарот на Работнички 71&22.

Победниците од полуфиналните дуели в сабота, од 19:30 часот ќе играат во финалето за Куп пехарот.

Влезот на сите натпревари од Купот на ОФМ 2026 е бесплатен и вратите на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат широко отворени за сите љубители на спортот и одбојката.

Сите натпревари од 33. издание од Купот на ОФМ ќе имаат и директен ТВ пренос на МРТ3.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Останато

Младинските турнири ја отворија новата сезона на домашната сцена

Со првите турнири во машка и женска младинска конкуренција стартуваше новата одбојкарска...

Останато

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската...

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!