Ракомет

Дерби на сезоната: Еве кога Мулти Есенс ќе го предизвика непоразениот Младост

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели

Во сабота од 15 часот, салата во Автокоманда ќе биде центарот на ракометните возбудувања, каде Мулти Есенс го пречекува непоразениот лидер Младост од Богданци во директна пресметка која може да ја реши целата сезона во Првата ракометна лига.

Гостите од Богданци пристигнуваат со јасна цел – да останат непоразени и со тоа практично да го заверaт пласманот во Супер лигата за сезоната 2026/27. Од друга страна, Мулти Есенс ќе се обиде на домашен терен, со силна поддршка од трибините, да му го нанесе првиот пораз на лидерот и да ја направи трката неизвесна до самиот крај.

Интересно е што и покрај гостинскиот терен, се очекува значителна поддршка и за Младост, бидејќи љубителите на ракометот и поддржувачи од Богданци и околината Гевгелија и Дојран сигурно дека ќе допатуваат во Скопје за да го следат дербито и дадат поддршка на Младост.

Математиката е јасна, но и комплицирана – реми му одговара на Младост за задржување на врвот, победа сигурно го носи кон враќање во елитата, додека и минимален пораз може да биде доволен, поради триумфот од 31-30 во првиот меѓусебен дуел. Токму тој натпревар е единствениот пораз на Мулти Есенс оваа сезона.



Сепак, од таборот на Младост не калкулираат – целта е само една, нова победа и потврда на доминацијата. Автокоманда е подготвена за вистински спектакл и дерби кое може да ја одреди судбината на сезоната.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!