Ракомет

Иванковиќ: „Тежок меч во Атина, но ќе ни открие многу за реваншот“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид в недела ги очекува првиот четвртфинален предизвик од ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос во Атина. Охриѓани влегуваат подготвени во дуелот, свесни за квалитетот на противникот, но и за значењето на првиот натпревар пред реваншот на домашен терен.

Еден од клучните играчи од редовите на охриѓани, Анте Иванковиќ, потенцира дека тимот имал доволно време за подготовка и детална анализа на противникот, кој располага со искусен и квалитетен состав.

„Нè очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Олимпијакос има многу добар тим, со големи имиња во својот состав. Имавме десетина дена да се подготвиме за овој натпревар, направивме многу добра анализа и тактика и сум сигурен дека секој од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во ‘Билјанини извори’.“- изјави Иванковиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Натпреварот во Атина ќе биде прв тест во овој двомеч, но и важен показател за тоа како Охрид ќе влезе во реваншот, каде што ќе се решава патникот во полуфиналето.

Охриѓани ќе се обидат да извлечат активен резултат на гости, а конечната разврска се очекува пред домашната публика, каде што тимот ќе ја бара својата европска шанса.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!