Трета лигаФудбал

Третолигаш Еуромилк ГЛ со нов тренер го продолжува походот кон Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Лидерот во Третата македонска фудбалска лига – Север, Еуромилк го Горно Лисиче го промени тренерот.

Преку клупско соопштение „лисиците“ му се заблагодарија на досегашниот тренер Зоран Божиновски за досегашната соработка.

Тимот од Горно Лисиче сега ќе го води Јован Трајков, кој ќе има за цел да ја продолжи победничката серија и да го обезбеди првото место кое води во баражот за Втора лига.

Благодарност до тренерот Зоран Божиновски. ФК Еуромилк ја информира јавноста дека по взаемна согласност дојде до спогодбена разделба со досегашниот тренер. Му се заблагодаруваме за вложениот труд, посветеноста и сè што направи за клубот во изминатиот период. Неговиот придонес ќе остане дел од нашата приказна. Му посакуваме многу успех во понатамошната кариера, здравје и нови победи! Еуромилк продолжува напред – посилен од било кога!

Поранешниот прволигаш е на челната позиција во Трета лига – Север со 46 бодови, пет повеќе од тимот на БВК Коњаре кој е втор.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!