ФудбалФутсал

СЕЕ Университи се „распука“ до победа со 11 гола, Црна Река со „петарда“ за Овче Поле

Сподели
Сподели

Вечерва со два меча се затвори 15. коло во Втората футсал лига на Македонија. Убедлива победа однесе СЕЕ Университи откако тетовскиот тим со 11:3 го декласираше во целост составот на ССК.

Едис Муртезани постигна четири погодоци за домаќинот во убедливата победа, по двапати стрелаа Гезим Азизи и Исмет Цека, а пак по еден гол постигнаа Самир Рамадани, Амин Шаќири и Хисен Мемеди.

За гостинот стрелци ба Илија Алексовски, Даниел Јанков и Дамјан Ѓуровски, а сите погодоци беа постигнати во вториот дел.

Ланскиот прволигаш Црна Река со 5:1 го „прегази“ Овче Поле и ја израдува домашната публика. Во првиот дел беше неизвесно гостинот од Свети Николе преку Давид Бојковски го отвори резултатот во 6. минута, а две минути подоцна Никола Димов погоди за 1:1 на полувреме.



Во вториот дел кавадарчани „експлодираа“ откако Стојан Петковски постигна два гола, а по еден Димитар Чоков и Ѓорѓи Стрезовски и го решија мечот со 5:1.

На првото место на табелата е Железарец со 34 бодови, втор е СЕЕ Университи со 33 бодови, трет е составот на Црна Река со 30 бодови, а пак Каршиака е четврта со 28 бодови.

Првите две позиции директно водат кон пласман во Првата футсал лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, пред своите гледачи во салата „Ристе Ристески – Ричко“ славеа...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!