Прва лигаФудбал

Шкупи единствениот тим во Европа кој нема триумф!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот прволигаш Шкупи е единствениот тим во Европа која нема триумф во сезона 2025/2026, барем во најдобрите шампионати.

Тимот од Чаир по 24 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига има 23 порази и едно реми и со еден освоен бод е на дното на табелата.

Таман денес се чинеше дека Шкупи ќе се израдува на првата сезонска победа, кога имаше два брзи гола против Башкими, сепак не издржа, кумановскиот тим и со играч помалку му даде три гола и го совлада со 2:3.

Поранешниот шампион на Македонија веќе е спакуван за испаѓање во Втора лига и во следните кола и математички ќе биде потврдено испаѓањето на тимот од Чаир во Втората македонска фудбалска лига за сезона 2026/2027.

Клубот се соочува со сериозни проблеми, а најголем проблем е блокадата за трансфер од ФИФА поради неисплатени плати, па тоа беше и најголем проблем тимот да се засили во обид да се бори достојно за опстанок.



Веќе се е јасно – Шкупи нема сили за опстанок, а до крајот ќе остане само борба дали ќе може барем до еден триумф пред да се одјави од Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!