ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: „Рибарите“ го добија македонското дерби: Охрид со сигурна победа над Тиквеш

Сподели
Сподели

Охрид вечерва славеше сигурна победа во македонското дерби против Тиквеш во рамки на 2. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), откако „рибарите“ со 2:0 го добија тимот од Кавадарци.

Натпревар со многу шанси и чисти мрежи во првите 45 минути (0:0), па неизвесноста продолжи во вториот дел. Во 58. минута од мечот по една одлична нафрлена топка во шеснаесетникот со одличен удар со глава тимот на Охрид го отвори резултатот за водство од 1:0.

Не требаше многу за „рибарите“ да дојдат до двојна предност од 2:0, откако Охрид организираше една одлична акција, а еден „рибар“ испрати силен проектил од околу 20-тина метри, за што голманот на Тиквеш беше немоќен да интервенира.

До крајот Охрид имаше уште шанси и за поубедлива победа, но резултатот од 64. минута (2:0) стана конечен.

Во првото коло Охрид одигра 0:0 против црногорскиот тим Будуќност, а за Тиквеш ова е втор пораз во низа и со тоа е на дното од табелата без бодови. Во следното коло Охрид ќе ги одмери силите со екипата на Локомотива Загреб.

Како што претходно објавивме, ќе ги следиме сите натпревари на „рибарите“. Лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод, а боите на ГФК Охрид Лихнидос ги бранат Иван Иванов – државен шампион во eFootball во Македонија, играч кој потекнува од Радовиш, како и Марко Дринаковиќ, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ.

Натпреварите може да се следат во живот на Arena eSport ТВ каналот, како и на нивниот официјален YouTube канал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!