Останато

Осум екипи во борба за титулата, Фит Фан ќе игра бараж, Ускана остана без прволигашкиот статус

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Регуларниот дел од сезоната во Првата лига жени заврши викендов со 18. коло, а осумте најдобри екипи продолжуваат во плејофот за шампионската титула.

Во четвртфиналето ќе играат: Наковски Волеј, Младост УГД, Работнички Скопје, Јанта Волеј Кисела Вода, Газели Волеј, Пелистер Волеј, Вардар ЕМ и Струмица жени.

Четвртфиналните парови се:

  • Наковски Волеј – Струмица жени
  • Младост УГД – Вардар ЕМ
  • Работнички Скопје – Пелистер Волеј
  • Јанта Волеј КВ – Газели Волеј

Серијата се игра на два добиени натпревари, а ако резултатот е изедначен, се игра „златен сет“ до 15 поени со разлика од два поени. Првите натпревари се на теренот на послабо рангираната екипа и се закажани за 1 и 4 април. Победниците ќе играат во полуфиналето.

Деветтопласираниот Фит Фан Волеј ќе игра бараж за опстанок во Првата лига со второпласираниот тим од Втората лига, додека последнопласираниот Ускана испаѓа и следната сезона ќе игра во Втората лига жени.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!