Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен со 16 гола го „распарчи“ Кочани – по четири гола за Грозданова и Симјанова

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Љуботен кој остана без можноста да ја одбрани титулата по одземените девет бодови од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ, денес со неверојатни 16:0 го декласираше Кочани, кој доживеа голем пораз, кој ќе биде запишан во неславната страна на тимот.

Меланија Грозданова и Елена Симјанова постигнаа по четири гола, хет-трик забележа Лори-Ен Моисет. По еден гол за тимот од Тетово постигнаа капитенот Александра Марковска, Настасја Накова, Хава Мустафа, Ајури Тераваки, а пак Лина Мицовска си постигна автогол.

Љуботен е четврти со 37 бодови, а пак Кочани е претпоследен со седум бодови. Во следното коло Љуботен ќе гостува во Битола кај Топ Гол, а пак Кочани дома ќе игра против Тиверија Брера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација со два натпревари за четири дена. Македонија в среда, на 11...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Младите македонски фудбалери пристигнаа во Турција – во Трабзон започнува битката за пласман на Европското првенство!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години пристигна во Турција, каде што од 11 до 17 ноември ќе настапи на квалификацискиот турнир...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!