Трета лигаФудбал

БВК Коњаре, Еуромилк ГЛ и Куманово победија со по шест гола, минималец за Аеродром

Сподели
ФОТО: ФК БВК Коњаре
Сподели

Многу погодоци донесе 16. коло во Трета лига – Север, на три меча имаше победници со по шест постигнати погодоци.

БВК Коњаре со 6:1 славеше над Отља на домашен терен во натпревар каде Бејтула Авдали постигна хет-трик, двапати стрелаше Руфат Чалафи, а еднаш Онур Емини, за гостинот погоди Сеид Саљији.

Куманово со 6:0 го доби тимот на Студеничани, каде Кристијан Златковски постигна три гола, а по еден Андреј Јовановски, Амар Имери и Екрем Мемеди.

Лидерот Еуромилк ГЛ исто така запиша победа од 6:0 на домашен терен над Кадино, некогашниот второлигаш беше инфериорен на теренот во Горно Лисиче.

Шестмина се запишаа во листата на стрелци, а голеадата ја отвори ново засилување Хусеин Демири, потоа продолжи Димитар Стојановски, најдобриот стрелец Орхан Мифтар погоди за 3:0 за водство на полувреме.

Во вториот дел Дамјан Зенговски, Матеј Јаневски и Фати Јусуфи го поставија конечниот резултат.

Беса од Сарај славеше над Пчиња домашен триумф од 2:1. Зирап Имери погоди за 1:0 во 30. минута, а четири минути подоцна Христијан Стојчевски постигна гол за 1:1 на полувреме.



Неизвесноста за трите бодови траеше до 88. минута кога Муадх Куртиш погоди за конечни 2:1 и бодови останаа дома.

Со голот на Димитри Кочоски од 44. минута екипата на Аеродром славеше минимална домашна победа од 1:0 над Лопати.

Беса Слупчане со 3:2 го доби дуелот со Фортуна. Шабани погоди за 1:0 во 17. минута, а Хисмани за 1:1 на полувреме. Во вториот дел гостинот го сврте резултатот преку Максуди во 55. минута за водство на Фортуна од 1:2.

Но, водството траеше кратко откако во 59. минута Бајрами постигна гол за 2:2, а Фетаи во 78. минута стави печат за победа на домаќинот од 3:2.

Екипата на Ржаничино на домашен терен славеше триумф од 2:0 над Башкими Љуботен.



На првото место е Еуромилк ГЛ некогашниот прволигаш има 46 бодови, втор е БВК Коњаре со 41 бод, а пак Аеродром е трет со 37 бодови.

На дното е Кадино со пет бодови, претпоследен е тимот на Отља со шест бодови, а пак Лопати е на 12. место со девет бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!