Прва лигаФудбал

Пелистер остана без тренер: Милан Стојановски си поднесе оставка по поразот од Струга Трим Лум

Сподели
Сподели

По денешниот пораз од Струга Трим Лум со 0:2, тренерот на ФК Пелистер, Милан Стојановски, си поднесе оставка од функцијата.

Клубот ја прифати неговата одлука, со што Пелистер останува без шеф на стручниот штаб во клучен дел од сезоната.

„Како шеф на стручниот штаб, ја преземам одговорноста за резултатите во пролетниот дел од сезоната и одлучив да си поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да им се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за целата поддршка, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент.

Посебна благодарност упатувам и до градот Битола, кој секогаш стои зад овој клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок“, изјави Стојановски.

Пелистер сега ќе мора брзо да најде решение за тренерската позиција, со цел да ја стабилизира формата и да ја исполни главната цел – опстанок во лигата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!