Трета лигаФудбал

Дебакл на Караорман во Дебар, Влазними и е лидер, три бода за Света Троица и Славеј Мешеишта!

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица 2021
Сподели

Есенскиот шампион во Трета лига – Југозапад пролетниот дел го отвори со катастрофален пораз од 4:0 губејќи на гостувањето во Дебар од Кораб.

Во дуел на два поранешни второлигаш домаќинот беше убедлив во рамки на 10. коло со кое беше отворен пролетната полусезона.

Амар Иса го отвори мечот по две минута игра, а во 38. минута погоди за двојна предност, а пак Фатјон Леши во 40. минута погоди за три гола предност на полувреме.

Во вториот дел Ујкан Јани го постави конечниот резултат откако погоди во 66. минута.

Трите бодови останаа во Мешеишта откако Славеј со 3:1 славеше над Кравари во дерби на две екипи кои претендираат за второлигашкиот бараж.

Гостинот го отвори резултатот во 29. минута преку Темур Емини за водство на Кравари од 0:1 на полувреме.

Во вториот дел автогол си постигна Горан Јакопетревски за 1:1, а потоа со двата гола на Антонио Ќитаноски домаќинот стигна до победа од 3:1.



Света Троица го слави Никола Угриноски, откако новото засилување со два гола ги обезбеди трите бодови за Охриѓани, кои со 1:2 славеше над Напредок во Ношпал.

За домашниот тим единствен стрелец на денешниот меч беше Владе Јанакиевски.

Трите бодови останаа во Струга откако Влазними со 2:1 славеше над Демир Хисар, со што сега Влазними е осамен на врвот од табелата.

Самед Кадриоски го отвори резултатот во 11. минута за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Влазними ја удвои предноста преку гол на Денис Шадов, а потоа гостинот само го ублажи поразот на 2:1 преку Илчо Котевски.

Во рамки на првото пролетно коло слободна беше екипата на Могила.

На врвот е Влазними со 22 бодови, два помалку има Славеј од Мешеишта кој е втор, а Караорман сега е трет со 19 бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!