Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување на едно место во Првата македонска лига за сезоната 2026/2027.

Во битката за елитата ќе учествуваат четирите најдобри екипи од регуларниот дел – Гевгелија, ИБА баскет, Шар Планина и Винеам. Само една од нив ќе избори промоција во повисок ранг, по одигрувањето на полуфиналните серии и големото финале.

Системот на натпреварување предвидува серија „подобар во три натпревари“, при што предноста на домашен терен ја имаат подоброрангираните тимови од регуларниот дел во Аматерската лига.

Полуфиналните пресметки стартуваат в недела. Од 12 часот, во салата „Младост“ во Гостивар, Шар Планина ќе го пречека Винеам, со јасна цел – прв чекор кон финалето.



Неколку часа подоцна, од 16:30, лидерот на табелата Гевгелија ќе се соочи со ИБА баскет во салата „26. април“, каде домаќинот ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога.

Секоја победа во оваа фаза носи огромна тежина, бидејќи само две триумфи водат во финалето, а потоа и чекор поблиску до елитното друштво. Четири екипи имаат иста цел – но само една ќе ја оствари и ќе стане нов член на Првата лига.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Кошарка

Капитенот Никола Караколев останува во Соколи

Кошаркарскиот клуб Соколи и капитенот Никола Караколев ја продолжија соработката и за...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!