Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Сподели
ФОТО: Општна Струга
Сподели

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо клубот „Дрим Струга“, на која се разговараше за досегашните успеси на клубот и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење.

На средбата беше нагласена важната улога на спортските клубови во развојот на младите, промоцијата на здрави животни навики и афирмацијата на Струга на национално и меѓународно ниво. Градоначалникот Ќура потврди дека Општина Струга останува силен поддржувач на спортот.

Во тековната година, за поддршка на спортот се издвоени 4.000.000 денари, со најава дека овој износ ќе биде дополнително зголемен во наредната година.

ФОТО: Општна Струга

Новата Програма и Правилник за спорт, усвоени на последната седница на Советот на Општина Струга, воспоставуваат систематска рамка за развој и унапредување на спортот на локално ниво.



Со нив се обезбедува континуирана и транспарентна поддршка на спортските клубови, се поттикнува организирањето спортски манифестации и фестивали како дел од спортскиот и општествениот живот, а истовремено се создаваат можности за афирмација на индивидуалните спортисти и нивните резултати.

ФОТО: Општна Струга

Општина Струга продолжува да инвестира во спортот како двигател на здраво, активно и успешно општество, со цел да обезбеди услови за развој на младите и промоција на спортските вредности.

ФОТО: Општна Струга



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!